[ВИДЕО] Исповед на Конор: „Ако ја скршам ногата …“

Точка

26/05/2026

15:36

652

Големина на фонт

а а а

Конор Мекгрегор се враќа во „UFC“ и откри нови детали од својот живот и кариера.

„UFC 329“ е големиот настан на оваа ММА организација кој ќе се одржи во Лас Вегас, а главната борба на вечерта ќе биде пресметката меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј.

Ќе биде тоа втор дуел меѓу двајцата борци, а првиот Конор го доби со одлука на судиите во 2013 година, кога доживеа и повреда на коленото.

Сега Конор зборуваше за реваншот и за првпат се огласи неколку месеци пред борбата:

„Имам одличен договор со организацијата „UFC“, конечно ме испочитуваа. Се подготвувам, живеам добро, практично спијам во сала. Мојот противник е човек кого веќе еднаш го победив и тоа беше вистински спектакл на боречките вештини. Планирам повторно да го направам тоа“, започна Конор.

Ирецот откри дека го променил начинот на размислување откако против Дастин Поарие ја скрши ногата во октагонот.

„Имам совршено сценарио во главата. Го нокаутирам со задниот дел од тупаницата и публиката ќе „полуди“. Во главата го имам и најлошото можно сценарио … Разбирате? Има многу сценарија во оваа приказна и многу одговори. Ако ја скршам ногата, ако го повредам коленото, рамото, како ќе продолжам? Борбата тогаш не завршува. Ако имаш следен маневар, можеш да преживееш. На тоа поле сум поискусен. Успеав да го пронајдам својот пат од најлошото до најдоброто сценарио. Ќе се фокусирам на најдоброто“, изјави Конор.