Вардар ја продолжи соработката со репрезентативците Велковски и Николов

Дерби

26/05/2026

10:50

138

Големина на фонт

а а а

Македонските репрезентативци, Бобан Николов и Дарко Велковски и во иднина ќе го носат дресот на Вардар.

Тие се вратија во таборот на „црвено-црните“ на почетокот на оваа календарска години и одиграа важна улога во освојување на пехарот во ПМФЛ.

Николов одигра 16 средби на кои постигна 4 гола и запиша 1 асистенција, Велковски пак на исто толку натпревари беше автор на 4 погодоци.

Инаку според новите потписи, Бобан ќе остане во македонскиот првак до 2029 година, додека Даре се согласи да остане до 30 јуни 2027 година.