Пеп Гвардиола ќе се прости со Манчестер Сити со денешниот натпревар против Астон Вила и официјално ќе стави крај на една историска и трофејна ера на англискиот клуб.
Заминувањето на шпанскиот стручњак значи дека клубот треба да доведе соодветна замена, односно тренер кој ќе го задржи досегашното ниво.
Тоа сигурно нема да биде лесна задача, но Гвардиола вели дека не е инволвиран во процесот, а и не очекува клубот да инсистира на идентичен пристап.
– Во оваа работа и во фудбалот работите не функционираат со „копи-пејст“ техника.
– Треба да бидете природен, самоуверен и уникатен и следниот менаџер да ги има овие карактеристики. Во моментот кога ќе се обидете да копирате некого… Секој е различен и сигурен сум дека и следниот менаџер ќе биде таков и ќе биде успешен, – рекол Пеп, кој не сакал да шпекулира дали ќе биде заменет од неговиот поранешен асистент, Енцо Мареска.






