Неверојатна ситуација во Русија: Тргна да слави со освоениот Куп трофеј, пехарот се распадна на пола

Дерби

26/05/2026

10:49

173

Големина на фонт

а а а

Тимот на Спартак Моска го освои Купот на Русија и тоа откако во завршниот меч ја доби драмата со Краснодар, односно откако немаше победник во основниот дел (1-1) се тргна кон изведување на пенали каде некогашниот тим на Игор Митревски славеше со 4-3.

Пабло Солари беше еден од најважните играчи на Спартак на ова соочување со оглед на тоа што тој го постигна единствениот гол, меѓутоа Аргентинецот на крајот доживеа ситуација која ќе ја памети до крајот на животот.

По конечната победа тргна да слави, го крена освоениот пехар, но при спуштањето истиот се скрши, распадна на два дела со што го шокираше Солари, ама и сите оние кои ја пратеа целата ситуација.