Седум години по нејзиното последно појавување на Канскиот филмски фестивал, Пенелопе Круз повторно го украде шоуто на црвениот килим. Шпанската актерка блеснала во елегантен црн фустан од Шанел, со кратка боб фризура шишки и руси прамени.
Пристигнувањето на Круз на црвениот килим во Кан ретко поминува незабележано, а овогодишното издание не е исклучок. Актерката и продуцентка пристигнала на Кроазета за да го промовира својот нов филм „La Bola Negra“, а нејзиното модно издание повторно го привлече вниманието на фотографите и модните критичари.

Седум години по нејзиното последно појавување на Канскиот филмски фестивал, каде што го промовирала филмот „Болка и слава“ (Pain and Glory), Круз се вратила на една од најважните филмски сцени во светот. Овој пат, пристигнала за да го претстави филмот „La Bola Negra“, кој е во конкуренција на фестивалот.
Филмот, чиј наслов во превод значи „Црната топка“, е режиран од Хавиер Калво и Хавиер Амброси и ги следи животите на тројца мажи низ три различни периоди од шпанската историја.
Како долгогодишна амбасадорка на Шанел, Круз се одлучила за безвременски класик за премиерата – мал црн фустан во гламурозна вечерна верзија. Но, нејзиниот избор беше далеку од очекуван.


Асиметричната креација на Шанел ја следи линијата на телото, додека високиот шлиц и суптилните детали од пердуви на половината и рамената на целиот изглед му даваат доза на смелост. Елегантната силуета и минималистичкиот пристап кон стилизирањето уште еднаш го нагласиле нејзиниот препознатлив софистициран стил.

Исто така актерката останала верна на својата природна естетика и се одлучила за суптилна шминка во топли тонови која дополнително го нагласила нејзиниот исончан тен. Златните прамени со боб фризура го заокружиле изгледот што комбинира гламур и едноставност.

Пенелопе уште еднаш покажала дека екстраваганцијата и претерувањето не се неопходни за впечатлив моден момент; доволно е добро скроен фустан, внимателно осмислен стајлинг и доза на ненаметлива елеганција.