Децата на Анџелина Џоли и Бред Пит немаат никаков контакт со татко им, а некои од нив и официјално се откажаа од него и престанаа да го користат неговото презиме. Меѓутоа и покрај дистанцата, невозможно е кога ќе го видите Нокс Џоли Пит, да не помислите на славниот актер бидејќи 17-годишникот многу наликува на него.
Нокс е еден од најмистериозните меѓу децата на некогашниот пар и папараците ретко успеваат да му „влезат“ во трага, но пред неколку денови тој бил забележан во Атланта. Имено Џоли присуствувала на дипломирањето на ќерката Захара Марли Џоли, а таму биле и нејзините браќа Пакс, Медокс и Нокс.
Најмладиот од момчињата, близнакот на 17-годишната Вивиен, носел сив костум со бела кошула и покажувајќи ја шатираната коса, а неговите фотографии веднаш се проширија на социјалните мрежи.
Повеќето од обожавателите коментираа за сличноста на Нокс и Пит, но има и такви кои велат дека Нокс сепак повеќе ги потсетува на неговата мајка Анџелина.

Како што претходно пишуваа странските медиуми, синот на некогаш најубавиот пар на планетата е спортист и тренира тајландски бокс (муајтаи), што му донесе неколку медали на турнири во Лос Анџелес.

Иако сите деца на Анџелина се резервирани кога станува збор за излегување во јавност, Нокс се смета за најповлечен и се вели дека е многу срамежлив, па затоа не го гледаме често на црвениот килим како Захара и Вивиен.
Потсетуваме Вивиен Маршелин и Нокс Леон се родени на 12 јули 2008 година во Ница, Франција, а момчето е родено една минута по неговата сестра.
По раѓањето на близнаците, семејството Џоли-Пит помина некое време во Прованса, во познатиот замок Шато Миравал, каде што Анџелина и Бред се венчаа години подоцна и кој е предмет на нивен меѓусебен спор со години по разводот.