Славната дизајнерка Вера Ванг (76) гордо го носи прекарот „жена која не умее да остари“, бидејќи и во осмата деценија изгледа фантастично и младолико — толку што можат да ѝ позавидат и жени 30 години помлади.
Неодамна таа се појавила на вечерата што ја организира Здружението за борба против рак на дојка, која традиционално се одржува во Њујорк. За таа пригода избрала светловиолетовиот фустан со карнери и гол грб.


Овој модел не подразбира носење градник, па Вера се приспособила на тоа.

Црните очила за сонце, како и секогаш, биле дел од нејзиниот стајлинг, како и пуштената рамна коса што само ја остава да паѓа преку рамената.

Со години наназад се поставува прашањето за неверојатниот изглед на дизајнерката. И покрај тоа што живееме во ера на пластична хирургија, на неа не се забележуваат никакви зафати, а младоликоста не исчезнува. Како?
Имено Вера неколкупати истакнала дека за нејзиниот изглед се заслужни работата, девет часа сон, но и вечерните коктели со вотка.