Галас со конкретно засилување за Артета: Може да ја заврши таа работа…

Дерби

15/05/2026

13:50

231

Големина на фонт

а а а

Арсенал може да ја заврши оваа сезона со две титули и тоа со двете најважни, најпосакувани титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

„Топчиите“ се лидери во домашниот шампионат и имаа се во свои раце на две кола до крајот, додека во ЛШ ќе играат финале против актуелниот првак Пари Сен Жермен.

Меѓутоа сите овие партии, резултати и понатаму не се доволно за дел од јавноста, па има критики за дел од играчите, се бараат замени за нив и тоа во ситуација кога може да се испише историја.

Вилијам Галас е еден од оние кои смета дека потребни се промени и го советува Микел Артета да го „откачи“ Мартин Зубименди и да го доведе Едуардо Камавинга.

- На Мартин Одегард му треба некој зад него да ја заврши валканата работа, да трча, да биде физички подготвен, да предизвика, да ја освои топката и да му ја даде топката. Арсенал веќе има еден играч како овој, а тоа е Деклан Рајс. Но, мислам дека им треба друг играч како него на таа позиција, а не мислам дека Мартин Зубименди може да го направи тоа.

- Некој како Едуардо Камавинга во Реал Мадрид може да ја заврши оваа работа на средниот ред. Тој би бил добра замена и одлично засилување за Арсенал, - вели Галас кој не верува дека Арсенал може да воспостави доминација и да тргне во серија на освојување на пехари ако сезонава дојде до двојната круна.

- Не мислам дека Арсенал ќе доминира во Премиер лигата или Лигата на шампионите следната сезона. ПСЖ е во можност повторно да доминира бидејќи Лига 1 е различна од Премиер лигата, не е толку физички или ментално напорна. Арсенал не доминираше ниту оваа сезона, му дозволија на Манчестер Сити да се врати во трката за титулата, а загубија од нив двапати во лигата и во финалето на купот.

- Мислам дека Микел Артета ќе остане уште една сезона, без оглед на тоа што ќе се случи, и најдобро е да го освои можеби својот втор трофеј во Премиер лигата следната година, - подвлече некогашниот стопер.