Првиот човек на Вардар: Проценив дека Столе не е подготвен за прв тренер, но вратата за него секогаш е отворена

Дерби

14/05/2026

15:25

257

Големина на фонт

а а а

Михајло Михајловски како специјален гостин во отворената програма на „Спортско радио 90,3 фм“ го привлече вниманието со искрените изјави кои ги даваше за време на разговорот со новинарот Ристе Влахов, а во опширното обраќање не изостана и темата која беше доста болна за некои фанови на Вардар.

Првиот човек на клубот реши да му даде шанса на Иван Чупиќ и покрај тоа што имаше притисоци да го назначи Столе Стоилов, па откако се реши за така тешка одлука, легендата на Вардар си замина од клубот.

Стоилов во меѓувреме стана тренер на РК Бутел и го „пече тренерскиот занает“ во друг клуб, но ако еден ден сака да се врати во Вардар, има отворени врати од Михајловски.

– Откако договоривме разделба со Милано на крајот на минатата сезона, постоеше притисок да го ставам Столе Стоилов за тренер на Вардар. Тој е легенда на Вардар и како играч беше меѓу најдобрите, но во тој момент проценив дека не е подготвен да биде тренер на првиот тим.

– Не донесов таква одлука поради тоа што немаше лиценца, тоа е обична рутина. Столе има свој бизнис и ресторан, а тренерската работа бара 24 часа посветеност на ракометот. И ден денеска имам да кажам само најдобри работи за Столе и вратата од клубот секогаш ќе биде отворена за него, – изјави Михајловски.

Целиот разговор слушнете го ТУКА.