Француската јавност со нетрпение ја очекуваше најавената прес-конференција на селекторот Дидие Дешамп, на кој тој вечерва го соопшти списокот со 26 фудбалери кои ќе бидат повикани за настап на СП 2026.

Дешамп мораше да направи тежок избор со оглед на конкуренцијата во францускиот национален тим, а на крајот предизвика дебата со одредени одлуки.
Местото на Килијан Мбапе секако не беше доведено во прашање и тој ќе биде предводник на уште една француска генерација на мундијал, а тоа го потенцираше и во својата експресна објава на социјалните мрежи по пресот на Дешамп.
– Светско првенство, трет дел. Голема чест е што повторно ќе можам да ја претставувам својата земја на најважното натпреварување. Ќе се обидеме да ве направиме горди, – напиша Мбапе покрај објавената фотографија со важна симболика.