Нико Паз одигра две квалитетни сезони во калчолигашот Комо, сезони по кои ќе се врати во редовите на Реал Мадрид.
Иако сè уште не е официјално „кралевите“ не сакаат ја испуштат оваа шанса и ќе го вратат Аргентинецот на „Бернабеу“ за 10 милиони евра, но дали тој ќе остане и дали има иднина во составот од шпанската престолнина допрва ќе видиме.
Комо е свесен дека мора да пронајде замена што не е лесна мисија, а според „Газета Дело Спорт“ мета е уште еден талент на Реал-тоа е Сезар Паласиос.
Се работи за шпански интернационалец кој сезонава играше за „лос бланкос“ во Примера, Копа Дел Реј и Лигата на шампионите. Има 21 година и за вториот тим на Реал има учинок од 13 гола и 4 асистенции на 28 средби во третата лига.
Останува да се види дали ќе се реализира оваа операција затоа што Комо кој е преводен од Фабрегас гледа и други опција во Шпанија и Германија.







