Хаосот во Реал Мадрид не стивнува! Иако „кралскиот клуб“ запиша победа против Овиедо со резултат 2:0, главна тема во светските медиуми не е резултатот, туку Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, кој минува низ најтешкиот период откако пристигна во Шпанија, излезе пред медиумите во цивилна облека и без влакна на јазикот објасни зошто станал „грејач на клупата“.
Мбапе предизвика вистински земјотрес со изјавата за неговиот актуелен статус кај тренерот Алваро Арбелоа.
„Не играв затоа што тренерот ми кажа дека сум дури четврта опција во нападот. Пред мене се Мастантуоно, Винисиус и Гонзало. Бев подготвен да почнам, но тоа е негова одлука и морам да ја почитувам. Не сум лут“, изјави Мбапе.
Меѓутоа, само неколку минути подоцна следуваше нов шок. Алваро Арбелоа на својата прес-конференција остро ја демантираше првата ѕвезда на тимот:
„Веројатно не ме разбрал добро. Не знам што да ви кажам, никогаш не сум му рекол дека е четврти напаѓач.
Навивачите на Бернабе го пречекаа Мбапе со свирежи кога влезе во игра, но тој тврди дека тоа не го погодува лично.
„Штета што не играв во „El Clasico“, но тоа е животот. Не можеме да го промениме мислењето на луѓето. Тоа е нивен начин, не го сфаќам лично. Навивачите понекогаш се незадоволни, но секогаш се тука. Никој нема да умре вечерва поради свирежите. Тоа му се случувало на секој играч во Реал“, порача Килијан.
Мбапе се осврна и на обвинувањата дека заминал на одмор во Италија без дозвола, но и на фактот дека не ги следи шпанските медиуми.
„Имав дозвола од клубот да одам во Италија. Што правев таму? Вие велите одмор, но не го знаете контекстот. Мојата грешка, како и на целиот тим, е што не освоивме титули оваа сезона, а не тоа каде сум бил.
🗣️ Kylian Mbappé: "No he jugado porque el míster me ha dicho que para él soy el cuarto delantero de la plantilla".
— Teledeporte (@teledeporte) May 14, 2026
📺 Sigue EN DIRECTO 𝐄𝐬𝐭𝐮𝐝𝐢𝐨 𝐄𝐬𝐭𝐚𝐝𝐢𝐨 𝙎𝙤𝙡𝙤 𝙍𝙚𝙨𝙪́𝙢𝙚𝙣𝙚𝙨, en Teledeporte y @rtveplay: https://t.co/56x6E4YT2r pic.twitter.com/YPI0XHFZHQ
Особено интересен беше неговиот одговор на прашањето за критиките на тренерот Арбелоа во медиумите:
„Не ги гледам прес-конференциите на тренерот. Дома имам француска телевизија, не гледам шпански канали. Не знам што зборувал за моите тренинзи.
И покрај проблемите со стручниот штаб, Мбапе застана во одбрана на претседателот на клубот.
„Флорентино Перез е најдобриот претседател во историјата на фудбалот. Среќни сме што го имаме. Луѓето не смеат да заборават што направи за овој клуб. Што се однесува до моите повреди, Реал никогаш не греши во дијагнозите. Тоа е најдобриот клуб во светот.
На директното прашање дали сака да го напушти Мадрид по разочарувачката сезона без трофеи, Мбапе беше краток:
„Многу сум среќен во Мадрид. Зошто би сакал да си заминам?“
Да потсетиме, Мбапе влезе во игра од клупата против Овиедо и успеа да запише асистенција за Џуд Белингем, со што, како што самиот вели, покажал дека „грбот на Реал му е на прво место“.
Сепак, очигледниот јаз меѓу него и тренерот Арбелоа најавува жешка летна пауза во шпанската престолнина.












