Лудило во „Ла Лига“: До крајот остануваат уште две кола, а дури 12 тима можат да испаднат

Точка

14/05/2026

16:29

378

Големина на фонт

а а а

Неверојатна драма го тресе шпанскиот фудбал бидејќи на само две кола до крајот на „Ла Лига“, дури дванаесет екипи се наоѓаат во жестока борба за опстанок, претворајќи ја завршницата на првенството во вистински резултатски хаос.

Иако остануваат уште три натпревари од 36. коло, ситуацијата на табелата е толку изедначена што никој од средината на табелата па надолу не може мирно да спие.


Последните резултати дополнително ги искомплицираа работите, а особено се издвојува победата на Алавес над Барселона со 1:0, со која тимот од Виторија освои бодови вредни злато. Еспањол со сигурниот триумф против Атлетик Билбао (2:0) ги разгоре надежите кај своите навивачи, додека Хетафе со победата над Мајорка (3:1) направи голем чекор кон помирни води. Во еден од највозбудливите натпревари од колото, Севилја како гостин го совлада Виљареал со 3:2.


Вечерва на програмата се уште три натпревари. Ќе се играат дуелите меѓу Валенсија и Рајо Ваљекано, Џирона и Реал Сосиедад, додека мадридски Реал ќе го пречека тимот на Овиедо.

Со оглед на тоа што во битката за опстанок се вклучени екипи од Севилја па сè до Џирона и Осасуна, секој гол во преостанатите 180 минути фудбал ќе има тежина на опстанок во елитата.


Шпанија не памети сезона во која толку голем број екипи стравувале за својот прволигашки статус во самиот финиш од шампионатот.