Сериозни проблеми за клубот од Рим: Ова не му се случило на Лацио повеќе од три децении

Дерби

15/05/2026

12:17

239

Големина на фонт

а а а

Лацио има многу лоша сезона, сезона која можеше да се спаси со триумф во Купот на Италија, меѓутоа клубот од Рим падна на последниот испит и загуби од Интер во финалето на „Олимпико“.

Ова значеше дека лацијалите остануваат без пехар, но и без место во европските купови што е сериозен удар пред се поради финансиски причини. Познато е дека навивачите веќе некое време бараат промени, го бојкотираат претседателот Клаудио Лотито и тимот нема поддршка од трибините што прави прави работите да бидат уште посложени.

Калчолигашот втора година по ред останува без Европа, нешто што не му се случило повеќе од три децении или поточно од натпреварувачката 1992/93. Последен пат кога овој тим две или повеќе сезони по ред не учествувал на континенталното натпреварување бил за време на 15-годишно отсуство од 1978/79 до 1992/93.

Сегашната суша е прва под водство на Клаудио Лотито со тоа што пред ова се се случи Лацио учествуваше во европските натпреварувања осум последователни сезони вклучувајќи две кампањи во Лигата на шампионите во кои стигна до осминафиналето.

Во изминатите 34 години, Лацио се натпреваруваше во Лигата на шампионите осум пати, стигна до четвртфиналето на Лигата на Европа во сезоната 2024/25, а го освои Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА во 1999 година. Нивниот најдобар настап во Лигата на шампионите беше во сезоната 1999/2000, кога стигнаа до четвртфиналето.

Пред тимот од италијанската престолнина е многу важно лето, иднината на Маурицио Сари и неколку клучни играчи останува нерешена, додека нарушените односи меѓу екипата и навивачките групи на клубот додаваат дополнителна неизвесност на она што ветува дека ќе биде клучна меѓусезона.