Флорентино Перез најави важни трансфери кои ќе се реализираат ова лето, па иако не споменуваше имиња, јасно е дека во Реал Мадрид ќе следат поважни промени во играчкиот кадар.
Двете сезони без освоен трофеј се доволно силен аларм за клуб како Реал Мадрид, а Предраг Мијатовиќ смета дека во низата тешки одлуки, ќе треба да биде донесена и најтешката.
Пеџа смета дека двоецот Винисиус-Мбапе не може да функционира заедно, па го советува Флорентино Перез да размисли на продажба на една од двете ѕвезди во тимот.
– Знам дека Флорентино е под голем притисок и трпи многу критики. Две сезони во Реал Мадрид без трофеј се како десет во друг клуб. Добро е што Перез има желба да продолжи, затоа и ги свика овие избори. Сака да покаже на јавноста дека се чувствува способен да ја сврти ситуацијата.
– После две години без трофеј, мислам дека е време за тешки одлуки. Мора да има промени и да им се заблагодари на одредени фудбалери, а притоа да мисли на нови кои ќе донесат свежина. Сметам дека треба да има многу промени ова лето, треба да се продадат некои играчи на кои сега се гледа како на идоли. Победата е поважна од било кој поединец, истото важи и за клубот.
– Мбапе или Винисиус? Треба да се донесе одлука и за нив, сметам дека еден треба да си замине со новиот тренер и со новата спортска структура. Сметам дека е погрешно двајцата да останат, мора да се донесе тешка одлука. Фудбалот е комплициран спорт и мора да се носат тешки одлуки. Кога има лоши сезони, едноставно мора да се менува. Во Реал дојде време за промени, – вели Пеџа.







