Анчелоти за неблагодарниот епитет: Не победувам само поради тоа што имам добар однос со играчите!

Дерби

14/05/2026

17:15

139

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти си даде за предизвик да го води Бразил на Светското првенство и првиот голем тест ќе го има во месеците кои претстојат, но како човек што оствари толку многу рекорди и освои важни титули во фудбалот, често знае да биде потценет кога се тактичките познавања во прашање.

Многу често на Дон Карло знаат да му се дадат заслуги само поради тоа што знае да се справи со големите ега и поради фактот што добро ги менаџира големите ѕвезди, но таквиот став воопшто не му се допаѓа на искусниот Италијанец, а за тоа отворено говори во интервјуто за „Гардијан“.

Легендарниот тренер на Милан и Реал Мадрид е рекордер по бројот на освоени титули во Лигата на шампиони и тоа го сместува во фудбалската елита, а за да се оставри такво нешто, според него мора да ги познавате сите фудаблски аспекти.

– Менаџерската и тренерската работа е многу тешка, бидејќи мора да се справувате со многу нешта. Имате односи со играчите, со луѓето од хиерархијата на клибот, со медиумите, со фановите. Има многу аспекти во фудбалската игра кои мора добро да ги менаџирате. Најтежок е предизвикот да се справувате со големите ѕвезди во соблекувалната, но иако можеби тоа е најважно, сепак не е пресудно.

– Не се согласувам со оние кои велат дека сум успешен само поради мојот добра однос со играчите. Односот со фудбалските ѕвезди секогаш помага, ти овозможува да извлечете се од играчот, но тоа не е единствениот аспект во нашата работа. Не ми е важно дали луѓето велат дека не сум добар тактичар. Можам да кажам дека ги познавам сите аспекти во фудбалската игра, и тоа многу добро, – вели Анчелоти.