По разводот на некогашната тенисерка, јасно е дека става до знаење дека не сака да продолжува било каква соработка со поранешниот сопруг.
Веста за разводот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер и натаму предизвикува големо внимание во јавноста, а како што стојат работите, нивниот однос не е завршен само на приватен туку и на деловен план.
Според извори блиски до поранешниот пар, некогашната тениска шампионка и популарниот германски фудбалер донеле одлука да стават точка не само на бракот туку и на сите заеднички деловни проекти кои низ годините им носеле милионски приходи.

Двајцата, додека беа во складен однос, важеа за еден од највлијателните и најбарани парови во светот на спортот и маркетингот, а бројни светски компании ги ангажираа како заштитни лица на свои брендови.
Како што наведува изворот, станува збор за договори вредни милиони евра кои опфаќаат промоција на гардероба, спортска опрема, луксузни часовници, но и козметички производи. Нивната заедничка појава била гарант за успешна кампања затоа што симболизирале склад, успех и здрав начин на живот.
„Ана и Швајни имаа сериозни договори со големи компании. Нивниот имиџ како пар беше исклучително ценет на пазарот. Меѓутоа, по одлуката за развод, тенисерката јасно стави до знаење дека не сака да продолжува било каква деловна соработка со поранешниот сопруг“, тврди извор упатен во ситуацијата.

Според истите информации, нивниот правен тим реагирал и ги известил компаниите со кои соработувале дека во иднина ќе мора да ги ангажираат поединечно, доколку сакаат.
Оваа одлука, како што се наведува, донесена е разумно и одлучно, без намера во иднина повторно да се вкрстат нови професионални патишта.
Детали
„Ниту едниот ниту другиот не сака заеднички проекти. Сметаат дека тоа е најчистиот и наједноставен начин секој да продолжи понатаму без дополнителни компликации“, додава изворот.
Дополнително внимание во јавноста предизвикале информациите за деловни проблеми со кои Ана неодамна се соочила.
Имено, поранешната тенисерка, вложила дури три милиони евра во започнување козметички бизнис којшто не остварил очекуван успех.

Не се потресол
Според достапните информации, лошата продажба била само еден од проблемите. Наводно, Бастијан барал дел од приходите од тој бизнис, повикувајќи се на претходни финансиски и брачни договори, што Ана не сакала да го прифати.
Токму тоа недоразбирање дополнително ги влошило односите на некогашните партнери, па донеле одлука за целосно разделување – како приватно, така и деловно.