[ВИДЕО] По 23 години неплодност, Соња (57) и Марко (69) од Црна Гора добија дете со ин витро направено во Скопје – сега го прославија првиот роденден на ќеркичката

Кармин

19/03/2026

17:30

473

Големина на фонт

а а а

Кога Соња Миротиќ (57) и нејзиниот сопруг Марко (69) од Грбавци кај Подгорица по 23 години чекање и безброј медицински предизвици, конечно станаа родители, целиот регион се радуваше на нивната среќа!

Таа сега е уште поголема бидејќи на ќерката Богдана ѝ го прославија првиот роденден.

Соња и Марко Миротиќ од Подгорица минатата година станаа родители на малата Богдана, а сега приредија голема прослава за својата наследничка.

На прославата на првиот роденден на нивната ќерка, гордите родители не можеа да ги сокријат емоциите.


„Пресреќни сме, јас плачев од среќа и радост, не можам да ги задржам емоциите, Богдана е нашето најголемо богатство“, рече гордата мајка Соња.

Големата возбуда не можел да ја сокрие ни таткото Марко.

„Нема посреќен човек од мене, има и други, но за мене ова е најсреќниот ден во животот, така се чувствувам“, раскажа гордиот татко.

Имало моменти кога помислувале дека нема да успее

Како што признаа, имало моменти кога помислувале дека никогаш нема да имаат свое дете.

„Одевме по лекари, обидите беа неуспешни. Во еден момент се откажавме од сè. Сепак, нашата блиска пријателка Зденка Живковиќ нè поттикна повторно и ни даде нова надеж“, се присетува Соња. Парот ја доби својата ќерка благодарение на клиниката Аџибадем Систина во Скопје.


„Нè осудуваат, а не знаат низ што сме поминале“

Среќни што имаат можност да одгледуваат дете, држејќи ја во прегратка, Соња и Марко велат дека критиките, како тврдењата дека се „луди, себични или непромислени“, повеќе не ги погодуваат. И дека најмногу им значи поддршката од оние кои ја ценат нивната храброст и истрајност и кои заедно со нив уживаат во секој момент со малата Богдана.


„Тие што нè осудуваат нека си го исчистат прво сопствениот двор, па потоа нека осудуваат некој друг. Никој не знае низ што сме поминале“, вели Соња, додека Марко додава: „Јас им велам само благодарам“.

Соња и Марко се во брак 23 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk