Марија Шарапова уште еднаш покажала дека има беспрекорно чувство за мода и дека елеганцијата ѝ е второ име. Појавувајќи се во прекрасен фустан на доделувањето на наградите Оскар во Лос Анџелес.
Поранешната шампионка на Вимблдон, сега 38-годишничка, се појавила во смела креација, која совршено ја истакнала нејзината витка фигура и покажала колку е самоуверена.

Фустанот има длабоко деколте и софистицирана линија што го следел нејзиниот струк, додека лелеавиот долен дел од фустанот додал допир на гламур и елеганција. Деталите како дискретни набори и суптилен сјај го правеле да изгледа луксузно, но не премногу нападно.
И овој пат, Шарапова демонстрирала вистинска модна совршеност за вечерната забава што се одржа по доделувањето на престижните награди.

Со фустанот, таа комбинирала минимални, но ефективни аксесоари, златен ланец со дискретен приврзок, елегантни обетки што малку светкаа и тенка нараквица што го надополнила софистицираниот изглед.

Чевлите во боја на кожа со висока потпетица дополнително ги издолжиле нејзините нозе и го заокружиле целиот стајлинг. Нејзината шминка била во „no-makeup“ стилот, со нагласени очи и природни нијанси на кармин, додека косата ѝ беше стилизирана во пунџа. Ова според мислењето на модните експерти била совршена комбинација од гламур и лежерност.
Шарапова дефинитивно го привлекла вниманието со својот стајлинг и станала една од најкоментираните гостинки на вечерта.

Петкратната освојувачка на Гренд слем турнири се повлече од професионалниот тенис во 2020 година, но продолжува да брилира во јавниот живот. Заедно со деловните проекти, често присуствува на големи настани, особено во Калифорнија, каде што поседува недвижен имот. Минатата недела, меѓу другото, таа го следела женското полуфинале на Индијан Велс, а потоа го прескокнала финалето за да стигне на доделувањето на наградите Оскар.

Шарапова уште еднаш докажала дека елегантниот стајлинг не мора да биде пренагласен, понекогаш класичните линии, внимателно одбраните материјали и дискретните аксесоари се тајната на вистинската модна магија.