Оваа млада Месечина им носи можност на сите да започнат ново поглавје, но припадниците на три хороскопски знаци ќе имаат чувство како универзумот посебно да им се насмевнува... Клучот е да ја препознаат шансата и да не се двоумат да ја искористат!
Младата месечина во астрологијата е симбол на нови почетоци, свежи идеи и можности што доаѓаат ненадејно, но во вистински момент, а следната ќе ја имаме на 19 март.
Месечината ќе го започне новиот циклус во знакот Риби, што носи зголемена чувствителност, емпатичност, креативност и многу изразена интуиција. Нејзината енергија нè поттикнува да поставиме намери, да започнеме нови проекти и да направиме храбри прекини со минатото.

Младата Месечина на 19 март особено ќе влијае на емоциите, внатрешниот живот и личните одлуки, а три хороскопски знаци ќе го почувствуваат нејзиното благотворно влијание повеќе од другите.
За Рибите оваа млада Месечина доаѓа како личен рестарт и можност припадниците на овој знак конечно да се стават себеси на прво место. Енергијата ќе им помогне да ги разјаснат емоциите и да донесат одлуки што долго ги одложувале. Можно е и започнување нови љубовни приказни или важни чекори во постојните односи.
Биковите ќе почувствуваат бран на позитивни промени преку социјалните контакти и плановите за иднината. Нови можности можат да дојдат преку пријатели или деловни соработки кои штотуку се развиваат, затоа бидете трпеливи. Интуицијата, поради тоа што Месечината е во Риби, ќе им биде посилна од вообичаено, па важно е да го слушаат својот внатрешен глас.

Раковите под влијание на оваа млада Месечина ќе добијат силен поттик кога станува збор за кариерата и личните амбиции. Можни се нови деловни почетоци или признанија за претходниот труд, така што полето на кариерата ќе биде под силен налет на позитивна енергија. Емотивно ќе се чувствуваат постабилно и посигурно во своите избори.