Катастрофа на повидок: Како војната на Блискиот исток може да ги сруши сите економии во светот?

Точка

09/03/2026

21:35

1.606

Големина на фонт

а а а

Доколку војната на блискиот исток потрае уште неколку недели, БДП-то на сите земји од светот ќе биде погоден.

Војната меѓу Америка, Израел и Иран која започна на 28 февруари со нападите на Техеран, повеќе не е само регионален конфликт.

Таа се претвора во закана за глобалната економија – од енергетски пазари до суверени фондови и финансиски текови во персискиот залив, пишува „Money“.

Катар – втор најголем произведувач на течен природен гас на светот, бил принуден да прогласи виша сила (force majeure) по иранскиот удар на својот погон во Рас Лафан.

Министерот за енергетика Саад ал-Каби за „Financial Times“ предупредил дека доколку војната потрае уште неколку недели, цената на нафтата би можела да достигне 150 долари по барел, а цената на гасот 40 долари по милион BTU што е речиси четири пати повеќе од претходните нивоа.


Ал-Каби не ја криел загриженоста: „Тоа ќе ги уништи економиите во светот. Ако војната потрае неколку недели, БДП-то на сите земји ќе биде погодено. Цената на енергијата ќе расте. Ќе дојде до исчезнување и синџир реакција – фабриките нема да можат да работат“.

Тој додал дека се очекува дека сите извозници од Персискиот залив да прогласат виша сила во наредните денови, доколку војната не заврши.

Клучниот фактор е Ормускиот мореуз – морски коридор широк 38 километри низ кој поминуваат околу 20 милиони барели нафта дневно и приближно 20 отсто од светските трговии. Сообраќајот таму практично запрел: најмалку 10 бродови се погодени, премиите за обезбедување нагло се зголемиле, а сопствениците на бродови одбиваат да ги ризикуваат своите бродови и посадата.

Без оглед на предлогот на претседателот Доналд Трамп, американската морнарица да ги следи трговските бродови, Ал-Каби е категоричен:

„Премногу е опасно. Премногу е блиску иранското крајбрежје“.


Суверени фондови кои ја испитуваат стратегијата

Последиците не се ограничуваат само на енергетиката. Според пишувањето на „Financial Times“, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати разгледуваат да ги преиспитаат своите инвестиции во странство и идните финансиски обврски.

Шест главни суверени фондови во регионот управуваат со над 3,2 трилиони долари имот, распоредени во технологија, инфраструктура, спорт и недвижнини ширум светот.

Иранските удари на Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман ја нарушиле сликата за стабилност на која Заливот ја изградил репутацијата на глобалниот финансиски центар.


Прекуграничните трансакции на берзата се замрзнати. Банките како „Standard Chartered“ и јапонските „Sumitomo Mitsui Financial Group“ и „Mitshubishi UFJ Financial Group“ им наложиле на вработените да го запрат патувањето во регионот.

Кинеските инвеститори ги презеле преговорите за купување имоти. Милијарда долари во технолошки вложувања – 15 милијарди долари од „Microsoft“ во ОАЕ и над 5 милијарди од „Amazon“ во Саудиска Арабија – сега се под знак прашалник.

Дубаи ги притиска иранските финансиски канали

Во меѓувреме, според податоците на „The Wall Street Journal“, ОАЕ разгледуваат замрзнување на иранските имоти кои се наоѓаат во земјата.

Дубаи долго бил клучен финансиски коридор за Иран – преку параван-фирми во слободните зони и неформални менувачници во Техеран, успевал да ги заобиколи западните санкции и да ги финансира своите програми.

Вашингтон веќе долго време врши притисок на ОАЕ да ги затворат тие канали. Сега, откако иранските напади го погодија аеродромот во Дубаи и повеќе цивилни објекти, Абу Даби изгледа е подготвен да го направи тој чекор.


Сликата е јасна: локалниот воен конфликт се претворил во системски економски ризик со потенцијал да ја погоди секоја земја на светот која увезува енергија, тргува со регионот или зависи од стабилноста на глобалниот финансиски пазар.