Најнова одлука на РКЕ: Наточете со време - Дизелот поскапува за 14,5 денари, нови цени на горивата од полноќ

Точка

09/03/2026

13:48

2.981

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на одлуката од 2.3.2026 година.

Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,586 (денари/килограм)


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 14,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 12,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 ден/кг и сега ќе изнесува 42,586 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444%.