[ВИДЕО/ФОТО] Каролина изгледа како божица: Пејачката се појави во шоуто на Цеца во црн фустан кој ја нагласува нејзината женственост

Точка

26/02/2026

21:45

2.277

Големина на фонт

а а а

Популарната македонска поп-пејачка Каролина Гочева беше специјална гостинка во емисијата „Ceca show“, што ја води балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, а нејзиното појавување привлече големо внимание во јавноста.

Во петтата деценија од животот, пејачката изгледаше беспрекорно и покажа дека елеганцијата и одмереноста се нејзин заштитен знак. Таа избра тесен црн фустан со голи раменици, креација што совршено ја истакна нејзината витка линија и женственост, без ниту еден момент да делува вулгарно. Кројот беше едноставен, но ефектен – токму во стилот по кој Каролина е препознатлива.


Со умерена, нежна шминка и коса стилизирана во нежни бранови, таа постигна изглед што зрачи со самодоверба и префинетост. Без длабоки деколтеа, без провокативни детали – само чиста елеганција. Многумина коментираа дека токму со таа ненаметлива софистицираност Каролина успеа да ги засени сите, па дури и самата водителка.


Покрај неа, Цеца во ова издание на „Ceca show“ угости уште тројца Македонци – Никола Станишиќ од Волково, кому токму таа му беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски, кој по учеството во шоуто настапува како придружен вокал на нејзините концерти, како и Иван Милевски, кој моментално се натпреварува во истото музичко шоу како дел од нејзиниот тим.

Сепак, вечерта дефинитивно помина во знакот на Каролина – едноставна, одмерена и апсолутно впечатлива.