Трамп го нарече Роберт Де Ниро болен и растроен, со ниска интелигенција

Точка

26/02/2026

12:31

756

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи по неодамнешното гостување на Роберт Де Ниро во поткаст, каде актерот го нарече претседателот „идиот“.

Во текот на епизода во понеделник на „MSNBC“ поткастот „The Best People with Nicole Wallace“, 82-годишниот актер остро го критикуваше Трамп и неговите "MAGA" поддржувачи.

„Тој е идиот. Мораме да се ослободиме од него. Ќе ја уништи земјата“, изјави тој, додавајќи: „Не сакам сите да одат наоколу со свои "MAGA" обележја, американски знамиња, како да се тие единствените. И ние сме Американци.“

Де Ниро потоа беше главен говорник на настанот „The State of the Swamp“, контра-обраќање одржано во исто време со говорот на Трамп за состојбата на нацијата во вторник во Конгресот, пренесува „The Independent“.


Претседателот одговори во средата со подолга објава на „Truth Social“, означувајќи го актерот како „болна и растроена личност“.

„Кога ги гледате нискоинтелигентните Илхан Омар и Рашида Тлаиб како неконтролирано врескаа синоќа на многу елегантното обраќање за состојбата на нацијата, толку важен и убав настан, со испакнати, крвави очи на луди луѓе, лудаци, ментално растроени и болни кои, искрено, изгледаат како да треба да бидат институционализирани“, започна Трамп.

„Всушност, треба да се качат на брод заедно со Роберт Де Ниро, уште една болна и растроена личност со, верувам, исклучително низок IQ, кој апсолутно нема поим што прави или зборува — што е сериозно криминално!“


Говорејќи на настанот „The State of the Swamp“, Де Ниро сподели дека се чувствува „предаден од својата земја“.

„Не мора да биде совршена, но мора да се врати на вредностите што ни дадоа сила и човечност. Ако сакате нашите лидери да бидат одговорни, ако сте посветени на уставот и владеењето на правото, ако сакате Соединетите Американски Држави да бидат достојни за вашата љубов, бидете подготвени заедно да излезете на улиците и ќе ја вратиме нашата земја“, изјави Де Ниро.

Двократниот оскаровец отворено се изјаснува против Трамп уште од периодот пред изборите за неговиот втор мандат во 2024 година. Во предизборно интервју во ноември на „HBO Max“ емисијата „Who’s Talking to Chris Wallace?“, Де Ниро, кој беше гласен поддржувач на кампањата на Камала Харис, го означи Трамп и неговите сојузници како „невистински републиканци“.


Волас потоа го праша Де Ниро дали актерот имал какви било конфликти со магнатот за недвижности кој подоцна стана политичар во Њујорк во текот на 1970-тите и 1980-тите и дали постоело лично непријателство меѓу нив.

„Не. Никогаш не сакав да имам ништо со него. Тој е кретен, идиот, кој сака да се среќава со таков кловн?“, одговори Де Ниро.

„Мора да им помогнете на сите. Некои луѓе ќе бидат запоставени. Тоа се случува, но барем имате некој што е чувствителен на состојбата на земјата и луѓето. И не го велам ова затоа што е Камала Харис, но е така. Ни треба некој како неа за тоа. Ќе прави грешки. Секако, сите ги прават, но ни треба некој со вистински намери — овој човек нема вистински намери и сите го знаат тоа. Тоа е лудило. Точка“, заклучи тогаш Де Ниро.