[ФОТО/ВИДЕО] Која е убавицата во црвениот фустан што привлекла големо внимание на доделувањето на наградите БАФТА?

Кармин

23/02/2026

13:51

612

Големина на фонт

а а а

Посебно внимание на црвениот килим на доделувањето на наградите БАФТА привлекла Маура Хигинс, чијшто драматичен црвен фустан стана главна тема на разговор на социјалните мрежи.

Во тесен црвен сатенски фустан со долга црна опашка, ријалити ѕвездата беше меѓу највпечатливите на престижната церемонија.

Која е Маура Хигинс?

Маура Хигинс е 35-годишна ријалити ѕвезда која се прославила во 2019 година како финалистка на популарното британско шоу „Love Island“.


Во моментов гледачите можат да ја следат во ријалити-шоуто „The Traitors“. На настанот во „Royal Festival Hall“ се појавила заедно со низа познати актерски имиња.


Впечатлив моден избор

За оваа пригода избрала фустан украсен со црна монистра, а модната комбинација ја заокружила со црни проѕирни ракавици.


Фустанот бил доволно впечатлив сам по себе, па не претерала со накитот. Косата ја собрала во залижана пунџа, а шминката била едноставна и поприродна.


Наводно го привлекла вниманието на филмаџиите

Иако не била меѓу номинираните, Хигинс неодамна го остварила своето актерско деби во ирската комедија „The Spin“.

Како што пишува „Дејли меил“, иако во филмот има само неколку реплики, нејзиното појавување на црвениот килим наводно ги импресионирало филмските инсајдери и „големите холивудски шефови“. Се вели дека многумина се распрашувале за нејзините планови во филмската индустрија.



„Сите зборуваа за Маура и за тоа колку е прекрасна. Има актерски потенцијал и луѓето беа импресионирани. Во таа просторија имаше многу важни луѓе од филмската индустрија и се разговараше за тоа што ќе работи следно“, изјавил извор близок до филмаџиите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk