[ВИДЕО] Хит сцена од автобусот на Звезда: Соиграчите со српска музика го слават трофејот во Купот, Батлер сака само да спие

Дерби

22/02/2026

17:08

138

Големина на фонт

а а а

Црвена Звезда ја оправда улогата на фаворит и го освои трофејот во Купот на Србија.

Иако спортската јавноста кај нашите северни соседи посакуваа битка меѓу Звезда и Партизан за пехарот, Мега ги преслуша „црно-белите“ во полуфиналето, меѓутоа потоа немаше сили за нешто повеќе во завршниот меч на турнирот во Ниш.

Овој резултат донесе среќа, задоволство кај Звезда и се славеше и во автобусот од даде дојдоа интересни сцени поради Џеред Батлер.

На Американецот не му беше дефинитивно до славје, беше мртов уморен додека колегите славеа со песни.