[ВИДЕО] Пипен и Гарднер се фатија за врат и предизвикаа нов инцидент во НБА

Дерби

22/02/2026

11:11

279

Големина на фонт

а а а

Мајами го победи Мемфис на домашен терен, но овој натпревар беше одбележан со индидентот во кој учестуваа Скоти Пипен џуниор и Мајрон Гарднер.

Во завршницата на дуелот и кога победникот беше веќе решен, Гарднер го испровоцира ривалскиот играч со непотребен удар од зад грб, за потоа Пипен џуниор да тргне во директна пресметка со него.

Играчите се бореа на паркетот, а потоа добија исклучување од судиите и порано го завршија натпреварот. Вигинс и Џексон со по 28 поени ги предводеа Хит и Гризлис на оваа средба.