Манчестер Сити одигра импресивно прво полувреме во кое пропушти да го реши дербито со Њукасл, но во продолжение одработи толку колку што е потребно за да ја задржи предноста и да освои важни три бода во битката за титулата.
Нико О’Рајли беше задолжен за постигнување голови и направи круцијална разлика во офанзивен дел, меѓутоа одлучувачки фактор на овој натпревар беше и дефанзивата.
Манчестер Сити одлично ги блокираше приодите кон својот гол во вториот дел и не дозволи ниту една стопроцентна шанса на Њукасл, но дефинитивно, најдобриот потег во овој фудбалски елемент го видовме во првото полувреме.
По вториот гол на О’Рајли за 2:1, Њукасл за момент помисли дека израмни на 2:2 со голот на Брн, но играчите на Сити, а особено Диаш беше убеден дека станува збор за офсајд ситуација.
Имено, португалскиот стопер реагираше доста лукаво и го истурка противникот во офсајд ситуација пред да биде испратен центаршутот, па токму оваа луда тактика спречи да видиме чист гол на Њукасл и ново израмнување на „Итихад“.
Видеото погледнете го ТУКА.








