Сити не издржа и го истрола градскиот ривал: Време е за шишање

Дерби

22/02/2026

13:36

192

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се обидува да го одржи притисокот над лидерот Арсенал, а токму затоа Пеп Гвардиола и неговите фудбалери еуфорично ја прославија победата над Њукасл.

Негативата е намалена на два бода во пресрет на градското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал, па останува да се види дали „топчиите“ во меѓувреме ќе го возвратат ударот со триумф против ривалот на чија клупа ќе дебитира Игор Тудор.

Одговорните за профилите на социјалните мрежи во Манчестер Сити вчера не издржаа и решија да го истролаат градскиот ривал Манчестер Јунајтед, со пораката објавена по триумфот над Њукасл.

– Време е за шишање, – потенцираше Сити, алудирајќи на петтата победа по ред во Премиер лигата и фактот што фанот кој очекуваше ваков ефект на Јунајтед остана со долга коса по ремито со Вест Хем.