Тотенхем-Арсенал е мечот кој ќе ја одбележи денешната програма во Премиер лигата, битка на големите лондонски ривали, битка во која двете екипи влегуваат со разлика од скоро 30 бода што доволно говори за позицијата на „топчиите“.
Ако на ова се додаде дека „петлите“ имаа огромни проблеми со повреди, двоцифрен број на играчи се недостапни тогаш јасно е зошто Арсенал ја има улогата на фаворит.
Меѓутоа дерби е дерби, Тотенхем бара бодови за да избегне подалеку од зоната за испаѓање, додека пак четата на Артета посакува триумф за да одново отиде на плус пет во однос на второпласираниот Манчестер Сити.
Средбата е закажана за 17:30 часот, а интересно типстерот на „Скај Спортс“ Џон Ноус верува дека ќе имаме изненанадување и дека Тудор на дебито на клупата на Тотенхем ќе дојде до славје од 2-1.
Останати типови:
Нотингем Форест-Ливерпул 0-1
Сандерленд-Фулам 1-1
Кристал Палас-Вулверхемптон 2-0
Евертон-Манчестер Јунајтед 1-1








