Хари Кејн продолжи да стрела и со два погодоци беше клучен играч во славјето на Баерн Минхен над Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата.
Со ова Англичанецот стигна до 28 сезонски гол со што уште еднаш ја потврди доминацијата во германскиот фудбал каде вториот најдобар стрелец е неговиот соиграч Луис Дијаз со 13 погодоци.
Голгетерот оваа седмица се најде во фокусот на вниманието и поради една друга причина и тоа во претседателските избори во Барселона каде еден од кандидати Чави Вилахоана го најави како засилување во случај тој да стане прв човек на каталонците.
Денеска брзо се движат информации и истата дојде и до Хари кој беше запрашан на оваа тема.
-Не сум слушнал ништо за тоа. Татко ми и брат ми се грижат за сè, но тие не ми кажаа ништо. Како што веќе реков, многу сум среќен тука во Баерн. Фокусиран сум на оваа сезона и на моето време во Баерн. Го сфаќам тоа како комплимент, -порача една од најдобрите „деветки“ на светот.
Тој е под договор со Баерн до 2027 година.








