Актерот Леонардо Дикаприо често е во центарот на вниманието на јавноста поради бурниот љубовен живот, но и појавувањата со бројни познати личности. Меѓутоа неговото семејството ретко имаме можност да го видиме со него на црвениот килим, а се чини дека Лео сега е решен да ја поправи таа „неправда“.
Имено пред неколку дена тој се појавил во познатиот ресторан на Беверли Хилс во друштво на татко му, Џорџ Дикаприо.
Таткото и синот се појавиле на приватна забава, а двајцата биле совршено модно усогласени.
Овие фотографии предизвикаа лавина од реакции на обожавателите и потсетија дека и големите ѕвезди се едноставно нечии малечки, кои нивните родители веројатно и денес така ги гледаат и доживуваат.
Leonardo DiCaprio and wingman dad hit up LA swanky restaurant Funke https://t.co/D8SZ4jAFUi pic.twitter.com/Hgbvj2tXlb
— New York Post (@nypost) February 18, 2026
Леонардо останал верен на својот препознатлив дискретен стил носејќи темносина јакна и црн качкет, додека Џорџ чекорел покрај него во сино спортско сако, бела кошула и сиви пантолони, додека долгата бела коса и впечатливите црвени очила му давале уметнички изглед.

Оскаровецот никогаш не криел колку му значел таткото и приватно и професионално. Во интервју за „Den of Geek“ во септември 2025 година, Лео отворено проговорил за нивниот однос: „За мене мојот татко е ултимативен извор на мудрост. Не само поради неговата интелигенција, туку и поради перцепцијата и способноста да гледа на одредена тема од различни агли. И понатаму честопати ги читам сценаријата со него и го прашувам за мислење, бидејќи има уникатна перспектива“, истакнал актерот.
На почетокот од кариерата на Дикаприо работите не оделе толку лесно. Тој се обидувал да пронајде агент уште на 10, 11 или 12 годишна возраст.

„Бев брејкденсер со очајна фризура, а сите агенти ме одбиваа“, се присетил актерот.
Во тие моменти, токму татко му бил неговата најголема поддршка. Тој му давал самодоверба и повторувал дека неговиот момент ќе дојде. Џорџ го запознал со светот на „вистинскиот филм“, го носел да гледа големи актери и класици на кинематографијата, објаснувајќи му што всушност значи уметноста.