[ФОТО] Која е најубавата, но и најбогата спортистка на Олимписките игри: Заработува многу пари, вели дека е 100% Американка, но и 100% Кинезинка

Кармин

13/02/2026

11:20

2.541

Големина на фонт

а а а

Ајлин Гу освои сребрен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, во фристајл скијање во дисциплина женски слопстајл.

Тоа воедно бил четвртиот олимписки медал во кариерата за Ајлин, после двата златни и еден сребрен од ЗОИ во Пекинг 2022 година.

Огромна заработка

Меѓутоа, Ајлин не фасцинира само со своите спортски резултати и убавина туку и со фактот што е една од најбогатите спортистки која се натпреварува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.


Имено, богатството на 22-годишната скијачка е проценето на над 50 милиони долари.

Ајлин Гу заработува огромна сума пари, но поголем дел од парите не доаѓаат од скијањето туку од брендирањата и спонзорствата. Нејзината годишна заработка е над 23 милиони долари. Тоа е сума од листата најплатени спортистки во 2025 година од магазинот „Forbes“.

Таа е четврта на светот меѓу жените, според заработени пари. Интересно, заработката од натпреварите е само околу 100.000 долари во текот на една сезона, што е помалку од 1 отсто од вкупните приходи. Значи, заработува 100 пати повеќе надвор од патеките.


Студентка и манекенка

После успехот на ЗОИ во Италија, Ајлин Гу би можела дополнително да ја зголеми заработката затоа што постојано ѝ пристигнуваат понуди од разни спонзори.

Оваа Американка која одлучила да се натпреварува за Кина, не е само спортска икона туку и глобален маркетинг феномен. Моментално студира на престижниот Универзитет Стенфорд, а работела и како манекенка за „Vogue“ и „Louis Vuitton“.

Ајлин Гу е родена на 3 септември 2003 година во Сан Франциско, САД. Мајка ѝ е од Кина, а татко ѝ од Америка. Пораснала во САД, но во 2019 година одлучила да се натпреварува за Кина. Таа нејзина одлука предизвикала внимание во двете држави.


На само 18 години станала една од најголемите ѕвезди на Игрите во Пекинг, освојувајќи два златни и еден сребрен медал, со што станала првата фристајл скијачка со три медали на едни ЗОИ.

Покрај тоа, Ајлин е повеќекратна светска шампионка, има неколку најголеми одликувања на натпреварите „X Games“. Позната е по техниката на тешки трикови и по тоа што е многу стабилна под притисок.

Ајлин ужива во неверојатната популарност во Кина каде има статус на национална хероина. Кога во 2019 година одлучила да се натпреварува за Кина, во САД тоа го доживеале како предавство, особено во контекст на зголемените политички и трговски тензии меѓу овие две земји.


Ги сака и двете држави

Интересно во целата оваа приказна е тоа што Кина формално не признава двојно државјанство, а Ајлин е родена како американски државјанин. Новинарите повеќе пати ја прашале дали би се откажала од американското државјанство, а таа избегнала директен одговор, што дополнително поттикнало дебата и шпекулации.

И денес, таа тврди:

„Јас сум 100 отсто Американка и 100 отсто Кинезинка. Спортот треба да ги спојува луѓето и својот избор не го гледам како политички чин“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk