Со мечот меѓу Башкими и Пелистер ќе се комплетира 18. коло во Првата македонска фудбалска лига, натпревар закажан за денеска од 14 часот во Куманово.
Башкими ремизираше со Силекс во првиот пролетен натпревар, додека битолчани го преслушаа Работнички со 4-1.
Домаќините со нетрпение го очекуваат ова соочување во кое веруваат дека со помош на публиката ќе можат да ги освојат трите бода.
- Нè очекува голем натпревар против Пелистер, но ние сме подготвени да се бориме за секоја топка. Работевме напорно во текот на подготвителниот период и веруваме во силата на нашата група. Со поддршка од нашите верни навивачи, ќе истрчаме на теренот со големо срце и карактер. Нашата цел е кристално јасна: да се бориме до последната секунда и да ги освоиме трите бода, - рече Реџеп Мурати за официјалниот сајт на ФФМ.
Историјата на соочувања меѓу овие два клуба брои вкупно 18 натпревари во сите натпреварувања: 10 победи за екипата на Пелистер, 6 се за екипата на Башкими и две средби завршиле без победник.








