Арсенал скоро цела оваа сезона е на лидерската позиција во Премиер лигата и со предност од четири бода ја дочекува завршницата или поточно последните 12. кола во натпреврувачката 2025/2026.
Има уште доста да се игра и не треба да се забележи дека „топчиите“ и гостуваат кај второпласираниот Манчестер Сити, па останува се отворено иако Арсенал продолжува да биде фаворит број еден за пехарот.
Повеќе од две децении се чека на лигашки трофеј на клубот од Лондон, па во пресрет на тоа што следува Вејн Руни испрати порака до навивачите и легендите на клубот притоа потенцирајќи една изјава на Мартин Кион.
- За мене, она што се случува е дека навивачите на Арсенал и поранешните играчи што се појавуват всушност ги убиваат. Tие треба да молчат и да ги остават сите други да зборуваат. Го слушнав Мартин Кион на „Токспорт“ како вели дека предност од шест поени е подобра од девет. Што зборуваш?!
- Тоа е искусен [поранешен] играч кој станува нервозен. Всушност, мислам дека Микел Артета се справува брилијантно со начинот на кој зборува со медиумите. Всушност, други луѓе поврзани со клубот имаат поголем ефект, -вели Руни и додава:
- Тие имаат толку многу квалитет, Арсенал. Не мислам дека ја имаат таа суперѕвезда, но можат да победуваат на натпревари и го покажаа тоа во последните три години. Арсенал нема апсолутно играч од светска класа, суперѕвезда на која се потпираат на сè, но она што го видовме е дека знаат како да победуваат на натпреварите.
- Секако дека Манчестер Сити сè уште може да победи. Сè уште има една третина од сезоната до крајот, па сè може да се случи, но мислам дека Арсенал ќе триумфира. Мислам дека се премногу силни и моќни. Мислам дека ќе победат поради Микел Артета, тој покажа притисок во претходните години, но се справува совршено оваа сезона.
- Манчестер Сити ќе биде блиску, но едноставно не можам да ги замислам како победуваат на секој натпревар, а Арсенал да изгуби толку многу бодови, - заврши легендарниот англиски напаѓач.









