Офанзивецот на Џирона призна дека го фаулирал Кунде: Ако судијата досудеше…

Дерби

17/02/2026

14:19

419

Големина на фонт

а а а

Барселона се мачи на последните натпревари, но во исто време на истите се носат одлуки кои се на нивна штета и кои можат да бидат пресудни во трката за титулата.

Каталонците вчера загубија од Џирона од 2-1 во натпревар во кој не блескаа, покажаа слабости, ама никако не смееја да го загубат поради очигледна грешка на главниот судија Сото Градо и оние кои беа во ВАР собата. Постоеше чист прекршок над Жил Кунде неколку секунди пред Џирона да го даде клучниот гол преку Фран Белтран.

Тоа го признаваат и во таборот на домаќините, тренерот Мичел, но и оној кој го нагази Французинот, Клаудио Ечевери.

- Да, згазнав на ногата на Кунде, но трчав брзо и не го направив тоа намерно. Доколку судијата досудеше прекршок ќе разберев, - порача Аргентинецот.