Арсенал не успеа да го добие градскиот ривал Брентфорд, а токму тој резултат 1-1 значи дека „топчиите“ загубија два бода од предноста во однос на Манчестер Сити која ја имаа пред стартот на 26. коло.
Клубот од северен Лондон има плус четири што секако е позитива која е супер значајна на 12. кола до крајот, но во исто време не треба да се заборави дека четата на Микел Артета треба и да гостува на „Итихад“ што значи дека дефинитивно се вжестува трката за пехарот во англискиот шампионат.
- Она што го има Манчестер Сити е знаењето и неодамнешната историја зад нив. Тоа може да доведе до нервозни тензии околу стадионот, секако кон крајот на сезоната.
- Да имаш некој како Манчестер Сити и Пеп зад тебе – секогаш ќе гледаш преку рамо. Но, многу повеќе би сакал да бидеш на позицијата на Арсенал, - истакна некогашниот напаѓач Питер Крауч.
Во наредната рунда лидерот му гостува на фенерџијата Вулверхемптон, додека Сити ќе го пречека Њукасл.








