Судиите рачно цртале линии: Неверојатно соопштение за поништениот погодок на Барселона

Дерби

13/02/2026

14:35

383

Големина на фонт

а а а

Барселона сосема заслужно загуби од Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, но некои одлуки на главниот арбитар Хуан Мартинез Муниера и неговите колеги во ВАР собата навистина ќе се паметат.

Во прашање се неколку одлуки со кои Барса е оштетана, а најголем бес кај каталонците донесе ситуацијата од 52 минута кога Кубарси стрелаше по што ВАР собата прегледуваше, оценуваше 7-8 минути за да на крајот пресуди дека постоел офсајд.

Колку е точна таа одлука е друго прашање особено откако стигна официјално соопштение дека судиите рачно цртале линии затоа што во функција не бил системот за полуавтомаски офсајд.

- За време на анализата, беше утврдено дека системот генерирал грешка во моделирањето на играчите поради големата густина на фудбалери на мал простор. По неуспешниот обид за рекалибрирање на системот, ВАР тимот, следејќи го воспоставениот протокол, продолжи рачно да ги исцртува линиите за офсајд со цел да донесе конечна и правилна одлука. Поради оваа исклучителна причина, процесот на преглед траеше подолго од вообичаеното и спречи графичката реконструкција да се прикаже на телевизија, бидејќи САОТ (полуавтоматски офсајд) системот не можеше да се користи, - стои во соопштението.

САОТ е алатка што му помага на ВАР да донесува побрзи и попрецизни одлуки за офсајд со одредување на релативната позиција на играчот во точниот момент кога е одиграна топката. Тоа е полуавтоматизирана технологија што користи вештачка интелигенција за да утврди офсајд.