Ѕамброта го знае „рецептот“ за победа на Јувентус над Интер: Мора…

Дерби

13/02/2026

14:36

277

Големина на фонт

а а а

Новата рунда во италијанската Серија А ни носи неколку интересни, дерби пресметки меѓу кои и големото дерби меѓу Интер и Јувентус.

Овие два клуба одиграа неверојатен меч во првиот дел од сезоната во Торино, средба која по вистински трилер ја добија „бјанконерите“ со 4-3. Меѓутоа тоа е само од четирите порази на Интер во тековнава сезона во која избраниците на Киву доминираат и се на врвот на табелата.

„Нероаѕурите“ имаат дури 12 бода повеќе од „бјанконерите“ кои се на четвртото место што јасно говори за тоа кој како ги одработил претходните 24 кола.

Џанлука Ѕамброта верува дека Јуве може да дојде до позитивен резултат против лидерот, ама мора да направи неколку важни работи.

- Интер собра многу бодови против тимови кои се натпреваруваат за различни цели, додека Јувентус изгуби бодови против Каљари, Лече, Фиорентина и Верона. Тоа значи многу за тим кој мора да се бори за Лигата на шампионите или да ја освои титулата. На крајот на краиштата, овие бодови имаат влијание.

- Јувентус мора да го ограничи Димарко, кој во моментов прави разлика во Интер. Тој е најдобриот асистент и има фантастична сезона. Калулу и Консеисао ќе имаат работа на таа страна. Потоа Лаутаро и Турам против Кели и Бремер, тоа е одличен дуел бидејќи Интер има одличен напад: најдобар во лигата со 57 гола. Јувентус мора да биде добар во еден на еден, особено на крилата со Консеисао и Јилдиз и ако добие шанса Жегрова, -истакна Џанлука кој не сакаше да даде прогноза кога е во прашање резултатот.

- Немам прогноза, само се надевам дека Јувентус ќе победи, - порача Италијанецот.

Дербито е закажано за утре од 20:45 часот.