[ВИДЕО] Вирален тест популарен на ТикТок: Кој од мажите на снимката ви е најпривлечен?

Точка

11/02/2026

16:33

638

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на Денот на вљубените на ТикТок повторно се шири вирален психолошки тест. Сè што треба да направите е да го изберете најатрактивниот маж од понудените фотографии, а вашиот одговор наводно може да открие нешто за вашата личност и што барате кај партнерот.

Ако се прашувате што ви е навистина важно во врската, овој тест наводно може да ви го даде одговорот за кратко време. Сè што треба да направите е да изберете со кој од четирите мажи најмногу би сакале да излезете на состанок.

Тиктокерката Маша Каптилина, објаснила на што се базира тестот. „Според психологијата, мажот што ќе го избирате не е случаен“, рече таа. „Замислете дека треба да изберете еден од овие четири мажи за состанок. Кој ви е најпривлечен? Размислете внимателно, бидејќи вашиот избор кажува повеќе за вас отколку што мислите“, нагласи таа.


Каптилина додаде дека нашите мозоци многу брзо донесуваат заклучоци врз основа на мали сигнали на лицето, како што се обликот на очите, симетријата и изразот. „Значи, пред да имате време свесно да размислите, вашиот мозок веќе проценил кој изгледа доверливо, безбедно, одговорно или самоуверено“, објасни таа. „Сето тоа се случува за неколку секунди. Всушност, не избирате лице, туку шема што вашиот мозок ја препознал“, додаде таа.

Еве што вашиот избор, според тестот, кажува за вас.

Маж А

Ако го избравте првиот маж, ве привлекуваат партнери кои се опуштени и немаат потреба да држат сè под контрола. „Вашиот мозок го гледа овој тип маж како слободен, љубопитен и социјално отворен. Сакате флексибилен партнер кој ви дозволува да бидете свои без притисок“, тврди Каптилина.


„Преферирате мажи кои можат да менуваат планови без да се нервираат и да пробуваат нови работи без приговарање“, нагласи таа.

Маж Б

Ако го избравте вториот маж, ви се допаѓа некој кој делува како роден лидер, со одлучност и авторитет.


Каптилина вели дека ве привлекуваат мажи кои не се плашат од донесување одлуки и остануваат стабилни кога станува тешко. Таа додаде дека, на психолошко ниво, барате доверливост, јасност и личност која знае што прави.

Маж Ц

Изборот на третиот маж значи дека ве привлекуваат мажи кои се чувствителни, а можеби и малку срамежливи. Се работи за мажи кои посветуваат внимание, ве слушаат и реагираат на вашите емоции, наместо да се повлекуваат.


Тоа може да значи дека ја почитувате искреноста и чувството на безбедност и дека претпочитате некој кој покажува дека сте му важни отколку некој кој делува ладно и дистанцирано.

Маж Д

Ако го одбравте последниот маж, најмногу ја цените самодовербата и асертивноста.


Таквите мажи не се пасивни или неодлучни, туку директно се соочуваат со предизвиците. „Веројатно ги почитувате мажите кои знаат во што веруваат и не се плашат да дејствуваат во согласност со тоа“, заклучи Каптилина.