Со торта, роденденски свеќи и искрени честитки, во неделата Никола Стојановски, доктор и првоборец – учесник во НОВ, го прослави својот 103-ти роденден.
Вработените во специјализираната болница за геријатријска и палијативна медицина „13 Ноември “ во Скопје, каде што тој сега престојува, решија да му организираат мала забава со неговите пријатели од геријатриската клиника, а во објавата на нивната страница на Фејсбук потенцираа дека се работи за навистина посебен ден во болницата.
Денес славиме 103ти роденден на д-р Никола Стојановски ❣️
Денес е навистина посебен ден во нашата болница! ❤️
Нашиот...
Posted by ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје on Sunday, February 8, 2026
„Нашиот почитуван Дедо Никола Стојановски – д-р Никола Стојановски – полни 103 години!
Роден во 1923 во Скачинци (Велешко), тој е вистинска легенда на македонската медицина: дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград (1952), специјализирал педијатрија во Загреб (1958), а потоа целиот работен век го посветил на децата како педијатар и хематолог во велешката болница. Бил и директор на болницата, секогаш со огромна посветеност – за него секое дете било исто важно, а неговото спокојство и љубов кон пациентите се паметат и денес.

Човек што ја градел здравствената историја на нашата земја, од НОБ до независна Македонија.
Честитки од срце, Дедо Никола!“, стои во објавата.













