Принцот од Брунеј и сопругата со хрватско потекло ја претставија својата ќерка – кралска убавица во најава

Точка

11/02/2026

22:07

880

Големина на фонт

а а а

Принцот од Брунеј и убавицата со хрватски корени неодамна станаа родители, а сега го открија и името на бебето.

Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга Аниша Калебиќ, со хрватско потекло, добија ќерка која се роди на 8 февруари, како што соопшти националната телевизија „RTB“.

[Фото: Инстаграм]

Среќниот пар сега ја објави првата фотографија од ќерката, а го откри и името што му го дале на девојчето.

„Захра Мариам Болкијах. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за поддршката и грижата, а им благодариме и на сите за убавите желби“, напишаа во описот.

[Фото: Инстаграм]

На овој начин покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во наследниот ред поради правилата во Брунеј според кои престолот може да го наследи само машко лице.


Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блескава“, додека Мариам има и семејна симболика, со оглед на тоа што така се викаат и мајките на Абдул, но и на Аниша.