Дали ја набљудувате вашата мачка додека јаде? Ако тоа го правите редовно, веројатно сте забележале дека мачката често ги затвора очите додека јаде. Логично се наметнува прашањето зошто затворањето на очите за време на оброкот е типично за овие домашни миленици.
Стручњаците за однесување на мачки, како и секогаш, спровеле неколку истражувања и дошле до заклучок дека опуштеноста и уживањето кај мачките се трите најверојатни причини, пишува „Љубимци“.
Еве зошто мачката, инаку многу претпазливо и плашливо животно, ги затвора очите додека го јаде својот оброк.

Чувство на опуштеност
Кога ја галите мачката, таа ги затвора очите затоа што не чувствува никаква закана и може да се опушти. Кога мачката се дотерува, нејзините очи исто така се затворени, бидејќи е опуштена. Дотерувањето е начин на кој мачката се грижи за себе, но и се смирува преку лижење на своето крзно.
Некои кучиња можат да покажат агресија ако им ја допирате храната додека јадат, но мачките не се такви. Ако во домот има повеќе мачки, секоја треба да има своја чинија – само така сите мачки ќе бидат опуштени додека јадат, а тоа, секако, ќе го прават со затворени очи!

Уживање во вкусната храна
Мачките не се љубители на промени, освен ако тие не се случуваат под нивни услови. Познато е дека на мачките воопшто не им пречи еднолична исхрана и дека храната што ќе ја одберат секогаш ќе им биде вкусна и со задоволство ќе ја јадат. Многу мачки уживаат во посебни посласти и гурмански залчиња што сопствениците им ги нудат одвреме-навреме. И тоа е една од ситуациите кога тие опуштено ќе ги затворат очите и ќе уживаат во слаткиот оброк.
Големите мачки во дивината често ги затвораат очите додека јадат, бидејќи уживаат во оброкот за кој навистина вложиле многу труд.
Вид заштита
Уште една причина зошто големите мачки ги затвораат очите додека јадат е за да спречат нешто да им влезе во очите, како што се муви, крв или остатоци од храна. На крајот на краиштата, тие користат остри заби за да го кинат месото. Вашиот мачкин пријател во дневната соба не е толку крволочен, но во него веројатно се будат гените на предците и веројатно ги има истите мисли како и нивните диви роднини. Можеби замислува дека јаде штотуку убиена антилопа, а не онаа досадна гранула што секојдневно му ја сервирате.










