[ВИДЕО] Во Атлантикот снимена џиновска фантомска медуза

Точка

05/02/2026

12:16

735

Големина на фонт

а а а

Ретка џиновска фантомска медуза е забележана за време на истражување на длабокото море во близина на Аргентина.

Научниците во Јужниот Атлантски Океан, на длабочина од околу 250 метри, ја снимиле видот "Stygiomedusa gigantea", попознат како џиновска фантомска медуза.

Краци и до 10 метри

Истражувачите од „Schmidt Ocean Institute“ ја документирале оваа необична морска животинка, која може да достигне дијаметар до еден метар, додека нејзините краци можат да достигнат должина и до 10 метри.

Четирите долги краци, налик на розеви ленти, не се пипци со жарници како кај повеќето медузи. Наместо тоа, служат за фаќање плен, првенствено риби и планктон, наведуваат од институтот.

Освен снимката од ретката медуза, научниот тим за време на експедицијата открил и 28 потенцијално нови видови, меѓу кои корали, морски ежови и морски анемони.