Инфлуенсерката Коко Кендал предизвикала згрозување на јавноста откако среде Париз извела бизарен „бјути трик“ инспириран од Памела Андерсон.
Снимката на која Коко пред Ајфеловата кула ги соблекува тангите за со нив да си ја врзе косата брзо станала вирална и шокирала многумина корисници на социјалните мрежи.
Коко Кендал, која на Инстаграм редовно објавува содржини од патувања и ја следат повеќе од 1,2 милиони луѓе, споделила кратко видео од француската престолнина. Облечена во летен фустан, застанала пред Ајфеловата кула за да изеде багет.
„Има ли нешто подобро од свеж багет со поглед кон Ајфеловата кула на сончев ден во Париз? Се обложувам дека нема“, напишала таа во описот на објавата.
Но, она што следувало многумина ги разлутило. Додека се подготвувала да јаде, инфлуенсерката под фустанот извлекла црвени танги и ги соблекла пред камера. На снимката се гледа група минувачи кои со неверување ја набљудуваат сцената. Потоа тангата ја искористила како импровизиран ластик и си ја врзала русата коса во опавче, пред да продолжи со јадењето.
Инспирација од Памела Андерсон
Се чини дека Коко ја презела идејата од Памела Андерсон, која во видео за „Vogue“ во 2023 година открила како ја правела својата препознатлива неуредна пунџа од деведесеттите.
Памела, која денес има 58 години, објаснила дека секси долната облека може да послужи како практична замена за ластик за коса. „Немојте да ми кажувате дека немате ластик. Ова е тајната на занаетот. Се враќаме директно во деведесеттите“, рекла таа додека ја местела својата разбушавена фризура, додавајќи дека во нејзината коса „секогаш имало и гаќички“.
Лавина коментари на социјалните мрежи
Видеото на профилот@cocoyogi брзо „експлодирало“, собирајќи повеќе од 34 милиони прегледи и 448 илјади лајкови, а реакциите на корисниците се поделени.
„Очајна потреба за внимание“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Ликовите во заднина се сè“. Трет се запрашал: „Зар денес веќе не постои достоинство?“
Сепак, има и такви на кои потегот им бил забавен. „Ова е порака, и тоа силна“, напишал еден следбеник, додека други кратко заклучиле: „Повеќенаменско и снаодливо“, „Оваа девојка знае како да привлече прегледи“, „Таа се забавува, а вие тоа не го сфаќате“.














