Арсенал успеа да обезбеди финале во Лига купот со втора победа над Челси, но градскиот ривал овојпат барем спречи избраниците на Микел Артета да ја искористат својата тактика при корнерите, по која многу често ги тресат противничките мрежи.
Од почетокот на претходната сезона, Арсенал има постигнато 53 голови од прекини, убедливо најмногу во конкуренција на другите премиерлигаши, а менаџерот на Челси, Лиам Росениор реши да искористи поинаков пристап, односно да ја прифати сугестијата на Шеј Гивен.
Поранешниот голман пред неколку дена во студиото на „Би-Би-Си“ потенцирал дека ривалите на Арсенал треба да искористат поинаква дефанзивна тактика.
– Секоја чест за Арсенал, но на секој натпревар гледаме иста поставеност на играчите. Некој треба да проба нешто поинакво, на пример да остави тројца фудбалери во нападот. Во таква ситуација и Арсенал ќе мора да остави тројца или четворица играчи во одбраната, а тоа на противникот му остава повеќе простор за движење на дефанзивците и голманот. Има повеќе простор и за напаѓачите, но досега гледавме дека најголем проблем е гужвата пред голманот, – рекол Гивен.
Челси ја користеше оваа тактика со оставање тројца фудбалери во нападот, а барем на вчерашниот натпревар „топчиите“ не го подобрија својот ефект од прекините.
Chelsea had a plan for Arsenal on corners, rest of the Premier League need to take note.
— JnR (@CFCJnR) February 3, 2026
Set Piece FC must be stopped. pic.twitter.com/XCmWujEvIs








