Американската скијачка Линдзи Вон е пренесена во болница по падот што го доживеа во Швајцарија.
Веројатно најдобрата скијачка на сите времиња, Американката Линдзи Вон, доживеа повреда само седум дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Милано. Вон падна на грб за време на спуст во Швајцарија, по што веднаш интервенираше медицинската екипа, а самата трка беше прекината.
Она што особено ги загрижува нејзините навивачи е тоа што Вон тешко се потпираше на нозете по падот, додека дури и со хеликоптер беше веднаш префрлена во болница на дополнителни прегледи. Погледнете го тој момент:
🚨 Lindsey Vonn 🇺🇸 s’en va à l’hôpital en hélicoptère ! 😰#fisalpine #CransMontana
— MR.CARTER 🌚 (@NelsonCarterJr) January 30, 2026
pic.twitter.com/2taqt3zMFA
Погледнете и како Линдзи Вон ја изгуби контролата на скиите и падна за време на трката во Кран-Монтана во Швајцарија:
Wishing Lindsey Vonn a speedy recovery following her crash in Crans-Montana ❤️ pic.twitter.com/hZ6PcPVvW3
— TNT Sports (@tntsports) January 30, 2026
Засега нема информации што точно повредила Линдзи Вон и дали поради ова е загрозен нејзиниот настап на Зимските олимписки игри, што би било навистина голема штета, бидејќи ова веројатно ѝ е последна шанса да настапи. Американката има 41 година и тешко е да се очекува дека ќе биде во борба за медали до следниот олимписки циклус.

„Има одредени болки, па подобро е да се направат дополнителни проверки. Физиотерапевтот направи одредени прегледи и тие изгледаа во ред, но имаше работи во кои не беше целосно сигурен, па мора да се провери во болница“, беше сè што изјави нејзиниот тренер Аксел Лунд Свиндал.

Линдзи Вон инаку има еден златен медал од Олимписките игри во 2010 година, како и две бронзи. Во кариерата освоила повеќе од 120 медали, од кои 84 златни. Колку што е успешна во скијањето, толку важи и за една од најубавите спортистки на сите времиња, дури и на оваа возраст.














