Баерн и германски репрезентативец потврдија дека ќе ја завршат соработката на крајот на сезоната

Дерби

30/01/2026

13:57

226

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен засега има одлична сезона во која доминира во Бундеслигата, а раководството денеска јавно обелодени какви се плановите околу статусот на искусен германски репрезентативец.

Се работи за Леон Горецка, офанзивниот играч за врска чиј договор истекува во јуни и нема да биде продолжен, нешто што и досега беше најавувано, но сега е официјално потврдено.

Истовремено, ова е потврда дека Горецка нема да го напушти клубот овој месец, иако за него постои голем интерес, а меѓу клубовите кои испратиле конкретна понуда бил Атлетико Мадрид.

– Колку и да сум почестен од интересот на врвни клубови, донесов јасна одлука дека сакам да останам во Баерн до крајот на сезоната. Со тоа останувам во тимот, во кој е неверојатно забавно да се биде и на теренот и надвор од него, и да работам со тренер кој го врати нашиот тим во витинска насока, – напишал Горецка на социјалните мрежи.

Баерн Минхен исто така објави официјален став за ситуацијата со Горецка, потврдувајќи дека фудбалерот останува во составот на Венсан Компани до крајот на сезоната.