Слатка победа: Ѓоковиќ го надигра Синер за финале во Мелбурн

Дерби

30/01/2026

16:13

476

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ одигра маестрално против фаворизираниот Јаник Синер и повторно ќе игра финале на Аустралијан Опен, грен-слем турнирот на кој има освоено дури десет трофеи.

Синер подобро го започна мечот и го доби првиот сет со 6:3, но тоа не значеше дека Ѓоковиќ така лесно ќе се откаже од позитивен резултат во ова полуфинале.

И покрај тоа што се чинеше дека има одредени физички проблеми, Ѓоковиќ одговори со 6:3 во вториот сет и ја врати неизвесноста, а следниот сет го загуби со 6:4, откако Синер направи брејк во десеттиот гејм.

Ниту тој удар не беше доволен за да опадне мотивацијата на грен-слем рекордерот, напротив, српскиот тенисер одговори со брејк уште во првиот гејм на четвртиот сет и таа предност ја задржа до крајот, изнудувајќи петти сет.

Ѓоковиќ играше одлично и во решавачката етапа, направи брејк за 4:3 и на крајот успеа да ја претвори предноста во голема победа и ново финале на Аустралијан Опен.

Во неделното финале, Новак ќе се соочи со Карлос Алкарас, тенисер кој брка прв трофеј во Мелбурн.