Плејоф во Лига Европа: Црвена Звезда и Динамо ги дознаа првите ривали во нокаут фазата

Дерби

30/01/2026

14:33

177

Големина на фонт

а а а

УЕФА денеска реализираше ждрепка и за плејофот во Лига Европа, по што се познати осумте парови, од кои осум екипи ќе обезбедат место во осминафиналето на ова натпреварување.

Црвена Звезда ќе има соочување со Лил, Динамо Загреб обезбеди двомеч со Генк, додека поинтересни парови исто така се и Фенербахче-Нотингем и Селтик-Штутгарт.

Лил-Црвена Звезда

Динамо-Генк

Фенербахче-Нотингем

Селтик-Штутгарт

Лудогорец-Ференцварош

Панатинаикос-Плзен

ПАОК-Селта

Бран-Болоња

Натпреварите ќе се играат на 19 и 26 февруари.

Веќе за 27 февруари или ден по реваншите ќе се одржи ждрепката за осминафиналето, односно патот до четвртфиналето и полуфиналето.